Никогаш не ја оставајте косата мокра долго време после миење: Прочитајте зошто!

Еве зошто не можете да се ослободите од испуканите краеви

643

Спречете го оштетувањето и паѓањето на косата

Кога косата е мокра, нејзината молекуларна структура почнува да се менува. Водата се впива преку тврдиот надворешен слој на кутикулите на влакната и продира во кортексот, кој во тој случај отекува. Тоа значи дека кортексот моментално губи сила и потешко му е да ја држи тежината на мократа коса.

Влакната на косата претежно се состојат од кератин, имаат цилиндрична форма и имаат три слоја: кутикула, кортекс и медула, каде што кутикулата е надворешниот слој, кортексот е средниот, а медулата е внатрешниот слој на влакното. Коренот лежи заштитен под површината во цевчесто лежиште што го нарекуваме фоликула.

Кога косата е мокра, дел од водата се пробива до фоликулата и тој е способен да впие количина на вода што изнесува 30% од неговата тежина. Колку подолго е мокар, толку повеќе се дуе фоликулата. Со оглед на тоа што фоликулата повеќе пати се суши па потоа одново впива вода од косата, почнува да пука и трајно го оштетува коренот на косата. За фоликулите, подобро е да ја исушите косата со фен, отколку да ја оставите природно да се суши.

Многу е важен и начинот на сушење на косата

„За да не пука, мократа коса не смеете да ја чешкате со четка, туку со чешел со широки запци. Пред сушењето на косата, треба добро да ја избришете со пешкир (но не да ја триете силно), со лесно притискање на пешкирот околу косата. Триењето може да ги искубе ослабените влакна на косата и како резултат на тоа да се појават влакна со нееднаква должина. На почеток, треба да се сушите со ниска температура за да се ослободите прво од капките вода на косата, а потоа може да ја зголемите температурата (но не да биде врела) и да ја исушите косата“, објаснуваат експертите.

Влажната коса под притисок пука, што доведува до расцветани краеви. Ако користите фен по секое миење на косата, нанесете регенератор на неа. Исто така, набавете фен кој има опција за сушење со топол, а не со врел воздух кој е најголемата причина за механичкото оштетување на косата.

За здрава и убава коса, внимавајте на следниве грешки:

  • Фенот и пеглата за коса го оштетуваат влакната и затоа пред обликувањето, користете посебни производи кои содржат масла за заштита на косата.
  • Внимавајте температурата на уредот да не биде висока.
  • Поради многуте производи косата може да изгледа и да стане тешка, додека со секојдневното миење се измиваат сите природни масла што ја штитат косата од сушење и оштетување.
  • За да имате сјајна коса, одберете квалитетен шампон и регенератор, а останатите производи одбегнувајте ги колку што можете.
  • Чешлањето од корен може да ја искубе и оштети косата на средина, а особено на врвовите каде што е многу тенка и лесно се мрси. Чешлајте ја косата од врвовите и внимателно придвижувајте се кон коренот.
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време