Фризерите ги откриваат своите трикови: Како да ви биде косата чиста и бујна со денови?

Дознајте како да се погрижите за здравјето на вашата коса

2,222

Доколку сакате да имате здрава и прекрасноа коса, ние ви предлагаме да се послужите со овие трикови…

Колку почесто ја миете косата, толку почесто ќе ви се масти. Ким Кардашијан тврди дека ја мие косата на секои 5 дена. „Првиот ден почнуваме со натапирана коса. Вториот ден, фризерот ми прави опуштена фризура. Третиот ден ми ја исправува косата. Четвртиот ден носам коњско опавче, а петтиот ден ја мијам косата“, изјавила таа. Фризерите исто така имаат свои тајни и трикови, а денес ние ви откриваме 9 од нив…

1. Нанесете шампон како професионалци

Прво, наместете ја температурата и доволно навлажнете ја косата. Истиснете шампон (во големина на поголема паричка) на дланките и протријте. Нанесете го шампонот со кружни движења, движејќи се од врвот на главата па надолу. Миењето трае подолго време од шампонирањето. Стилистите препорачуваат да ја миете косата 5 минути. Остатоците од шампонот го убиваат сјајот на косата и предизвикуваат првут. Исто така, препорачливо е миењето да го завршите со студена вода. Тоа ќе ја зајакне косата и ќе ѝ даде сјај.

2. Планирање фризури

Планирањето на фризурите ќе ве поштеди од честото миење на косата и ќе ви овозможи да изгледате одлично секој ден.

3. Раствор од жалфија

Овој раствор помага против масна коса, ја нормализира работата на жлездите, ги лекува воспаленијата и ја смирува кожата. Потребни ви се 4 лажици сува жалфија и литар вода. Подгответе ја како чај и кога ќе се излади, измијте ја чистата коса со неа. Потоа, можете да ја измиете косата со ладна вода.

4. Распоред на миењето

Ако ја миете косата секој ден, почнете полека да ја менувате оваа навика. Со текот на времето и лојните жлезди ќе го намалат лачењето.

5. Користете сув шампон пред вежбање

Бескорисно е да го употребите сувиот шампон по вежбањето, бидејќи косата ќе ви изгледа уште помасно. Најдобро е да го нанесете сувиот шампон пред вежбањето за да ја впие потта.

6. Менување навлаки за перници

Многу е корисно и пријатно да спиете на чисти навлаки за перници. Тие со текот на времето ги собираат мртвите клетки, остатоците од шминка и создаваат погодна средина за бактериите. За да можете да го подобрите здравјето на кожата и косата, менувајте ги навлаките барем еднаш неделно. Ако има масна коса, тогаш најмалку два пати.

7. Лимонада за коса

Лимонадата помага во борбата против маснотиите и ја прави косата свежа, бујна и сјајна. Исцедете еден лимон во литар вода и измијте ја косата. Правете го тоа полека, со масажа на коренот со раката.

8. Високи фризури

Високо подигнатата коса ќе ѝ помогне да остане чиста подолго време. Ако сте дома, врзете високо опавче и пуштете ја косата пред да одите во кревет. Овој трик ќе ѝ даде и дополнителен волумен на косата.

9. Нега на кожата на главата

Маските и балзамите воглавно се нанесуваат само на коренот. Сепак, постои исклучок, а тоа маската за нега на кожата на главата. Користете ја во комбинација со пилинг. Хидрираната кожа нема да лачи вишок маснотии. Немојте да ја ставате маската на врвот од главата, туку долж патецот.

БОНУС: Тест за здравјето на косата

Откорнете едно влакно и ставете го во чаша полна со вода. Ако остане на површина, вашата коса е здрава. Ако потоне, таа е оштетена и потребна ѝ е поголема нега.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.