5 фризури кои одлично им стојат на жените со ретка коса

Направете си фризура која ќе создава илузија на бујна коса

760

Дали сте расположени за експериментирање со косата?

Имате ретка коса и мислите дека не постои добра фризура за вас? Се лажете! Благодарение на разните техники на шишање, можете да уживате во различни должини на косата и да имате убава фризура која ќе создава илузија на бујна коса.

1. Длабок патец на страна

Актерката Џенуери Џоунс обожава да носи ваков патец. Поради него, ретката коса изгледа бујно.

2. Брановиден лоб

Лобот е исклучително популарен со причина. Оваа фризура стои на многу типови лице. Ако ги навиткате краевите, ќе создадете ефект на бујност.

3. Бушав боб

Боб фризурата уште повеќе им стои на жените со ретка коса, бидејќи станува збор за скратена лоб фризура со поголема флексибилност. Бујноста ќе ја постигнете ако едноставно ја разбушавите косата.

4. Степенаста фризура

Ако претпочитате долга коса, послужете се со трикот на Натали Портман која знае дека бујноста на ретката коса се постигнува со степенасто шишање.

5. Полни кркми

Ако сакате да постигнете ефект на бујност, направете си кркми. Најдобар избор се густите полни кркми.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време