Диета на длабоки вдишувања: За само неколку недели – 13 килограми помалку

Интересен метод што ќе ви помогне да го намалите обемот на половината за 12 сантиметри

330

Јапонскиот актер Мики Риосуке откри интересен метод кој му помогнал да ослабне околу 13 килограми и да го намали обемот на половината за 12 сантиметри и тоа само за неколку недели.

Открил дека сосема случајно неговиот лекар му дал вежби против болки во грбот кои ги правел само две минути на ден. Риосуке оваа техника ја нарекува диета на длабоки вдишувања.

Поентата е да бидете во одредена положба, да земете воздух во траење од три секунди, а потоа енергично да го испуштите кое ќе трае околу седум секунди.

Повеќето лекари во Европа ги поддржуваат вежбите за дишење, како метод за губење на килограмите.
Мастите се состојат од кислород, јаглерод и водород. Кога вдишувате, кислородот кој го внесувате доаѓа во контакт со масните клетки и ги дели во нивните компоненти (јаглерод и вода). Оттука кислородот може да ви помогне да согорувате маснотии.

Вежбата потребно е да ја правите секој ден 2-10 минути:

– Заземете стоечка позиција, едната нога исфрлете ја напред, а другата назад.
– Потоа потребно е да го затегнете задникот и да ја префлите тежината на задната нога.
– Почнете полека да вдишувате воздух три секунди, истовремено подигнувајќи ги рацете над главата.
– Потоа енергично издишете во интервал од 7 секунди, затегнувајќи ги сите мускули во телото.

Експертите тврдат дека оваа техника може да ги зајакне мускулите на телото и да го забрза метаболизмот.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време