10-минутен тренинг за рамен стомак

Сè уште не е доцна да го имате телото што го посакувате

516

Не е доволна само правилната исхрана, туку потребна е и физичка активност

Поради секојдневните обврски, работата, грижата за децата или обичната незаинтересираност, многу често го одбегнуваме вежбањето. Исто така, сè повеќе луѓе размислуваат за тоа што треба да направат за да имаат совршено тело.

За тоа не е доволна само правилната исхрана, туку потребна е и физичка активност. Доколку си велите ќе ги симнете килограмите со некоја диета без да вежбате, се лажете.

Сепак, навистина е тешко да се најде време за редовно одење во вежбалница покрај сите обврски. Токму затоа, постои компромисно решение.

Најдовме соодветен 10-минутен тренинг кој ќе можете да го правите дома. Тој ќе го обликува вашето тело, а најголем акцент се става на стомакот, кој е најголемиот проблем за повеќето жени.

Тренингот се состои од 10 вежби кои ќе ги правите по 45 секунди. По секоја вежба следи пауза од 15 секунди. Овие вежби се одбрани така што ќе им одговараат на повеќето луѓе.

Доколку ги правите вежбите темелно и упорно, резултатите се неизбежни.

Погледнете го комплетниот тренинг и почнете со вежбање…

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време