Varumin – докажан антиканцер производ

Ефикасноста на производот е потврдена со изработка на повеќе клинички студии

71

Varumin е потенцијално корисен за третман на разни заболувања

Varumin е хербален традиционален лек кој содржи исклучиво растителни екстракти од повеќе билки. Тој има имуномодулаторно дејство што го прави погоден за третман на акутни и хронични заболувања кои се карактеризират со нарушен имунитет.

Овој производ пред сѐ е наменет за подобрување на општата состојба на организмот, како додаток на стандардната терапија при лекување малигни заболувања и за ублажување на несаканите ефекти од цитостатската терапија, без притоа да се попречи нејзиното дејство.

Varumin е потенцијално корисен за третман на други заболувања, како мултиплекс склероза, анемија, притоа без забележување несакани ефекти од неговото користење.

Ефикасноста на производот е потврдена со изработка на повеќе клинички студии. Може да се одвои клиничката студија на проф. д-р специјалист Собин Илиќ, познат експерт за онкологија и гинекологија, кој извршил испитување на 100 пациенти, од кои 50 заболени од карцином на белите дробови, 35 заболени од карцином на дигестивниот тракт и 15 од карцином на гениталиите. При ова клиничко испитување, д-р Илиќ дошол до заклучокот:

„Врз основа на повеќегодишното искуство во ординирање на Варуминот, сметам дека овој лек покажува поволни субјективни и објективни ефекти (без неповолни додатни ефекти) и истиот може да се применува без каков било терапевтски ризик во лечењето разни онколошки и имунодевијантни заболувања“.

Придобивките од Varumin се потврдуваат со уште едно клиничко испитување, спроведено од страна на стручен тим составен од д-р Драган Петровски – спец. невропсихијатар, д-р Томе Х. Христовски – спец. невропсихијатар и д-р Калиопи К. Пили-Кузева – спец. невропсихијатар. Испитувањето е направено врз 10 пациенти со позитивна анамнеза на мултиплекс склероза, од кои 7 жени и 3 мажи. Терапијата со Varumin траела една година, по упатство издадено од Комисијата за регистрација на лекови при Министерството за здравство. Ефикасноста на производот се констатирала по вториот месец од испитувањето и се одржувала за време на целата терапија, при што стручниот тим дошол до следниот заклучок:

„Кај сите пациенти се забележува видно подобрување во однос на општата состојба и невролошките функции со што се намалуваат симптомите на мултиплекс склероза. Варумин има извонреден безбедносен профил“.

Интер-Еврогенекс е модерна фармацевтска и диететска компанија, која произведува хербални традиционални лекови и диететски производи во Република Македонија. Интер-Еврогенекс располага со најсовремена технологија и опрема која ги исполнува сите европски и меѓународни стандарди, како и со соодветно тренирани и стручни искусни професионалци. Интер-Еврогенекс во своите производи ги содржи најчистите природни материјали, чиј квалитет и својства се гаранција за одржување на човековото здравје.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време