SPA POLAR RITUAL: Благодат за целото тело

Во „Ривајв Спа и Велнес Клиник“

76

Кога последен пат си дозволи нешто за себе? Секогаш штедиш за да купиш нешто материјално или, пак, за некој друг? А дали научи да се почитуваш себе си? Овозможи им нега на твоето тело и душа! Дозволи звуците на љубовта да одѕвонуваат во твоите клетки. Подари си момент на нега и здравје.

Почувствувај се вредно и вкуси ги луксузните ритуали на „Ривајв Спа и Велнес Клиник”, кои се искусуваат со сите сетила. Избегај од бурите и опиј се од богатиот спектар на етерични масла, кои нежно те обвиваат додека ти се обновуваш и инспирираш. Нашите услуги се специјално дизајнирани за да ти помогнат да се релаксираш, ревитализираш, обновиш и да се чувствуваш избалансирано од глава до петици.

Доколку во тебе зовриваат стресни мисли и променливост во расположението кое се манифестира врз твоето тело и кожа со вкочанетост, умор, брчки или масни наслаги, тогаш потребен ти е нашиот SPA POLAR RITUAL. Овој ритуал претставува мраз на оган или процедури со апликација на мраз врз загреано тело.


Започнува со топла сауна и егзотичен чај, продолжува со апликација на ледени облоги со ароматерапија кои се поставуваат на посебни зони на телото.
Потоа следува ICE touch – специјална масажа која се одвива со нанесување на мраз врз вашето тело. Масажата се одвива со ефлуражни техники со топење на кристалите од мраз кои пак се збогатени со есенцијални масла и билки овозможувајќи хидртиратација на вашата кожа, обновување на нејзината еластичност, сјај и свежина. Примената на оваа масажа овозможува аналгетски ефект при болки во телото или при изгореници, ревитализирање на кожата, подобрување на циркулацијата, длабока релаксација и балансирање на психо-емоционалната состојба.

Телото како резултат на ефектот топло-ладно, каде доаѓа до контракција на ткивата, како и создавање на колаген и еластин, постигнува ИНСТАНТЕН ЛИФТИНГ на НЕИНВАЗИВЕН НАЧИН, како и слабеење по само еден третман. При тоа, клиентот има веднаш видливи и ефективни резултати кои не се опасни по вашето здравје и затоа се препорачува за третмани на лице и тело (за лифтинг, слабеење, топење на масни наслаги, против брчки, намалување на обем, измазнување на кожата, против воспалителни процеси, третирање на повреди, итн)

Нашиот поларен ритуал завршува со леден напиток за хидратирање и прочистување, а ти смирен, сјаен и витален можеш со право да искусиш што значи да бидеш COOL & COLD!

www.revive.mk
FB: Revive Spa & Wellness Clinic
Тел: 02 3213 145;
Ул. Страшо Пинџур 7-1/6
1000 Скопје, Македонија

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време