Стилот на Ева Лонгорија: Таа е пример за сите славни трудници!

Трудничкиот моден стил на Ева Лонгорија добива само пофалби

1,147

Ева Лонгорија ужива во бременоста и сѐ уште е физички активна. Сончевото неделно утро го поминала во прошетка со сопругот Хозе Бастон, а за таа прилика, 42-годишната глумица одбрала многу удобна модна комбинација: Сиви тренерки, црна маица и црни патики.

Убавата трудница се заштитила од сонцето со црни очила за сонце и црно капче со бели детали. Таа носела минимална шминка, а ноктите ги обоила во темен лак.

Во саботата, пак, Ева уживала во шопингот со сопругот низ продавниците во Беверли Хилс. Таа се појавила во уште едно одлично трудничко издание: Бели панталони, бел џемпер и бели патики. Трудничкиот моден стил на Ева Лонгорија добива само пофалби и многумина сметаат дека и другите познати трудници би можеле да земат пример од неа.

„Драго ми е што гледам славна личност која за време на бременоста се облекува удобно и разумно. Им посакувам сѐ најдобро! Слатка е и не изгледа очајно како некои други ѕвезди“, гласи еден од коментарите на обожавателите.

Ева Лонгорија наскоро ќе стане мајка на момче и се надеваме дека и понатаму ќе продолжи да им биде пример на сите славни трудници!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време