Фустани за секој ден

864

Со доаѓањето на пролетта, доаѓа и потребата за дотерување и доброто расположение. Токму затоа, во фокус овој пат ги ставаме фустаните што би требале да бидат дел од вашиот плакар.

Дури и да не сте некој што обожува да носи фустани, одважете се оваа пролет и сменете го начинот на облекување.

Фустаните со принт дефинитивно ќе доминираат во актуелната сезона. Не е важно дали се работи за цветен принт, точки, риги, неправилни форми – важно е да биде шарено.

Лелеавите модели имаат предност, но доколку убаво ви стојат и оние што ја следат линијата на телото, не отстапувајте од нив. Пронајдете го омилениот модел и со модните додатоци прилагодете го на секојдневните потреби.

Во продолжение ќе видите фотографии кои веруваме ќе ве инспирираат. Во мноштвото фустани со принт, одвоивме и неколку еднобојни, за љубителите на минимализмот и едноставноста.

 

 

 

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време