Geox ви ја претставува женската колекција чевли за пролет/лето 2018

Новиот дизајн се темели на принципите на функционалност и удобност по кои работи Geox

511

Ова се чевлите што мора да ги имате оваа сезона!

Соработката на Geox со Ернесто Еспозито, еден од најпознатите италијански дизајнери за чевли, продолжува и во сезоната пролет/лето 2018 со колекција на елегантни и женствени модели кои се одликуваат со софистицираност и внимание посветено на деталите. Производот на одлична креативна соработка, новиот дизајн, сепак се темели на принципите на функционалност и удобност по кои работи Geox.

 

Издржливи, лесни и флексибилни, познатите патентирани Geox ѓонови се носечки во целата колекција, почнувајќи од секојдневните, лежерни модели кои доаѓаат во земјени, кафеави тонови и неизбежната бела боја. Некои од моделите се изработени и од лак кожа, а дел се со сребрени и златни детали.

Летните модели на чевли и сандали имаат морнарски инспирирани мотиви – бела и светло сина боја, кожа, текстил, плута и метал. Овие модели се вистински „must have“ благодарние на специјалната мемори пена вградена во ѓонот која овозможува поголема стабилност и се појавува кај еспадрилите и сандалите на платформа.

Како дополнување на моделите на Ернесто Еспозито за сезоната пролет/лето 2018, Geox ги претставува и новите Nebula спортски обувки – симбол на висока технологија во комбинација со модерен дизајн. Ергономски и удобни, Nebula чевлите се достапни во модели со и без врвки во црвена, црна, сина и сива боја, како и во неколку пастелни, пролетни нијанси со светкав ефект.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.