Стилски двобој: Дуа Липа или Џиџи Хадид?

448

Младата пејачка Дуа Липа неделава е забележана во Њујорк во впечатлива модна комбинација. Се работи за комбинезон со потпис на модна куќа „Версаче“.

Комбинезонот е комплетно затворен, односно е со долги ракави и ролка во горниот дел, а пејачката го искомбинира со обувки од истиот бренд и во истите бои.

Она што е интересно е што речиси истото парче претходно го носеше Џиџи Хадиди на доделувањето на Американските модни награди во јануари годинава.

Разликата е само во горниот дел, кој кај Џиџи е на преклоп и обувките – моделот се одлучи за црвени чевли со висока потпетица.

Но, со оглед дека комбинацијата на бои и материјалот се нешто што остава впечаток, многумина веднаш ја препознаа сличноста во изгледот на двете млади ѕвезди.

Според вас, на која подобро ѝ стои?

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време