Шокантно признание: Ријана откри заради што најмногу жали во животот

Не е она што мислите

783

Поп-пејачката Ријана ја откри единствената работа заради која жали во животот, и сигурно не е она што очекувате.

Додека повеќето луѓе најмногу жалат поради влегувањето во одредена љубовна врска, „лошата девојка Рири“ пткри дека се кае поради еден свој аутфит на црвениот килим.

Имено, во 2014 година, ѕвездата од Барбадос ги вжешти социјалните мрежи кога се појави на доделувањето модни награди CFDA во прекрасен фустан кој беше целосно опточен со сваровски-кристали.

Иако ова нејзино издание остана запаметено како еден од најдобрите модни моменти, Ријана открива дека посакува една работа да ја направела поинаку.

Во интервјуто за „Вог“, 30-годишната истакна дека само една работа е лоша во тоа нејзино издание – а тоа е фактот што не носеше впечатливи танги под проѕирниот фустан.

Ријана исто така објасни и зошто не носеше градник под фустанот:

Мислев дека изгледа подобро без градник порадилиниите што ќе се правеа под фустанот. Всушност, можете ли да го замислите доделувањето на наградите CFDA со градник?

Getty Images
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.