Совршен фустан за жени со мали гради: Мила Кунис во огнено црвено издание!

Жешко!

962

Актерката Мила Кунис никогаш не изгледала подобро!

Во Лос Анџелес била одржана светската премиера на акционата комедијата „The Spy Who Dumped Me“ на режисерката Сузан Фогел. Во филмот се работи за двете најдобри пријателки Одри и Морган кои случајно стануваат дел од комплицирана меѓународна завера, а главните улоги им припаѓаат на Кејт Микон и Мила Кунис.

Обете дами заблескале на премиерата! Кејт била облечена во црн комбинезон, а Мила заблескала во долг огнено црвен фустан од модната куќа Валентино.

Фустанот со ваков тип деколте совршено им стои на жените како Мила, кои имаат помали гради. За дамите со поголеми гради, ваквото деколте може да биде прилично незгодно, бидејќи тешко е да се контролира и во секој момент постои можност за мала модна незгода, ако фустанот не остане на своето место.

По раѓањето на ќерката Вајат Изабела во 2014 година, Мила се пошегувала во една телевизиска емисија дека за првпат во животот мора да носи градник бидејќи ѝ пораснале градите.

„Не знам како да се справам со нив, бидејќи никогаш не сум ги имала. Секогаш сум носела облека за ’рамни девојки’ и сега одеднаш имам гради. Сега морам поинаку да се облекувам. За почеток, морам да носам градник. Тоа е еден потполно нов експеримент за мене“, изјавила таа.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време