Новиот изглед на Сара Џесика Паркер

Сега изгледа уште поубаво од порано...

585

Ќе признаеме дека Сара блеска во секаква смисла….

Хероината на Сара Џесика ПаркерКери Бредшо – обожаваше да експериментира со својот изглед и тоа го правеше навистина совршено.

Сара Џесика Паркер лансира колекција на облека за деца

Во реалниот живот, последниве години, актерката се придржува до класиците. Секогаш се појавува со долга брановита коса во кафена нијанса, додека, пак, за свечените церемонии најчесто избира залижана фризура. Но на прагот на пролетната сезона, на сите ни се потребни промени, па така и на познатите дами.

Во ноќното шоу The Tonight Show Starring Jimmy Fallon – Сара Џесика Паркер се појави со нова фризура – коси шишки, степенесто потстрижена коса и „сончев“ сјај кои придонесоа да изгледа одлично.

Педесет и двегодишната актерка носеше светкава туника, фармерки во сива боја, а изгледот го зачини со светкави обивки од сопствената колекција SJP by Sarah Jessica Parker.

 

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време