Меланија како божица: Раскошен фустан достоен за една кралица

Најелегантна досега!

1,051

Првата дама на Америка се појавила во навистина спектакуларна тоалета за гала вечерта со британската премиерка

Американскиот претседателски пар вчера допатувал во Лондон на службена посета, а Меланија Трамп сосема очекувана заблескала во полн сјај!

Првите фотографии од британската престолнина ги обележале нејзините фотографии во маслинест фустан што ја следи линијата на телото и совршено и’ стои.

Но за гала вечерта и средбата со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, и нејзиниот сопруг каде што отишла со Доналд Трамп, Меланија подготвила нешто навистина спектакуларно.

Кога излегла од автомобилот во раскошен фустан на францускиот дизајнер Жил Мендел, никој не можел да ги тргне очите од неа!

Елегантната балска тоалета во нежна нијанса на беж боја веднаш била оценета како фустан достоен за кралскиот двор од страна на модните критичари. Ова дефинитивно е најелегантната креација на Меланија!

Кројот на прекрасниот плисиран фустан го истакнал тенкиот струк на првата дама, а неверојатните раскошни ракави кои речиси го допираат подот направиле Меланија да изгледа како најпрефинета ѕвезда на црвениот тепих.

За тоа сигурно бил свесен и нејзиниот сопруг Доналд, кој ја пуштал од рака само тогаш кога протоколот го налагал тоа.

Со фантастичниот фустан, првата дама на Америка носела и жолти салонки чиј шпиц се гледал повремено, а од накит носела само дискретни обетки и еден прстен.

Ви се допаѓа модниот избор на Меланија? Дали вие би носеле ваков фустан? Споделете го вашето мислење во коментари!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време