Меган Маркл во впечатливо издание: Со овој фустан ги замолчи критичарите

Меган драстично го промени стилот по венчавката

1,772

Со овој фустан поранешната актерка внесе малку живост во својот нов стил на облекување

Војвотката и војводата од Сасекс присуствувале на прием познат како „Your Commonwealth“ кој се одржал во лондонската кралска палата Марлборо, седиштетот на Секретаријатот на Комонвелтот.

Меган Маркл и принц Хари се сретнале со главниот секретар на заедницата и делегатите од Советот на млади кои во изминатите денови имале можност да учествуваат во бројни работилници.

Меган и Хари исто така се дружеле со претставниците од земјите кои ќе ги посетат оваа есен во склоп на кралската турнеја.

На оваа турнеја сигурно и’ се радуваат и бројните модни критичари кои знаат дека војвотката од Сасекс ќе спакува голем број модни комбинации за патувањето.

Сега сигурно им олесна на сите оние кои и’ замеруваа поради недостатокот на бои во јавните изданија по венчавката.  Имено, Меган на приемот се појавила во интензивно жолт фустан на дизајнерот Брендон Максвел од колекцијата за пролет/лето 2018 година кој совршено прилегаше на нејзиниот тен.

Невозможно е да не се забележи разлика во нејзините комбинации пред и по венчавката, но со овој фустан дефинитивно успеала да внесе малку живост во новиот стил на облекување.

Фустанот го комбинирала со беж салонки на Маноло Бланик и едвај забележливи обетки од брендот Адина Рејтер кои веќе ги носела за време на посетата на Бирмингем.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време