Таа не само што облече проѕирен фустан, туку под него не носеше градник, а гаќичките ѝ беа во бојата на кожа, така што фустанот повеќе откриваше, отколку што криеше. Иако покажа буквално сè, 22-годишната Џенер без проблеми им позираше на фоторепортерите. Таа дополнително ги истакна своите долги нозе носејќи чевли од Кристијан Лубутен.Кендал Џенер, полусестрата на Ким Кардашијан, минатата година ја симна Жизел Бундшен од врвот на листата на најплатени манекенки.