Во „Убавина и здравје“ – „Сите лица на љубовта“

186

По огромниот успех со нашето празнично декемвриско издание, се соочивме со предизвикот да обезбедиме уште подобар број, бидејќи секој нареден број треба да биде и подобар, а нашата филозофија е натпревар, но само со самите себе. Одлучивме да создадеме приказни и содржини што ќе ги заобиколат стандардните ретроспективи на минатата година и да се фокусираме на љубовта.

Ако љубовта е исконска и вистинска, би требало и да е едноставна, но таа тоа никогаш не е…

Сите почетоци на љубовните врски се прекрасни на еден ист начин, интензивни емоции, разбирање за разликите, толеранција на маните, но потоа сите на различен начин нешто оплескуваме и секогаш е најважно – „кој е ‘крив’?!“.  Кога веќе е најважно кој е крив, во соработка со стручњаците обезбедивме прашања, што ќе ни помогнат да не бидеме „криви“ и да не згрешиме уште пред да почнеме, а одговорите ги има ТОЈ.

Прашања што секоја жена би требало да ги постави…

… пред првиот состанок, сексот, пред одлуката за заеднички живот, брак или бебе. Доколку сте на животна пресвртница, оваа тема ќе ви помогне да ја решите дилемата. Сосем е во ред да прашаме – „Дали си психопат? :)“, а тој да одговори „да“, „малку“, „понекогаш“…„Што те излудува кај жените?“,  „Во какви односи си со бившите?“, „Што би било идеален летен одмор за тебе?“,  „Колку, според тебе, е доволно време за минување со пријателите?“…се само некои од клучните прашања што ги кријат одговорите.

Продолживме со прашања за да добиеме одговори, ги прашавме и Влатко Лозаноски, Гораст Цветковски и Александар Блажевски – што сакаат кај жените…

А ја зачинивме темата на бројот, вклучивме исповед на наша новинарка за врската со нејзиниот Греј. Во пресрет на премиерата на третото продолжение од трилогијата закажана за овој „Валентајн“, прочитајте дали авторитативните и харизматични мажи околу нас, во реалноста се подготвени да се променат за  љубовта?

А во занесеноста во потрагата по одговори за среќа во љубовта, не заборавивме да погледнеме од еден поинаков аспект – што кога врската е ограничувачка, а нашите желби и потреби крајно различни? Дали бил во право Шекспир кога рекол: „Во вистинската љубов никогаш ништо не оди како подмачкано“ или треба да бидеме САМИ се додека не го пронајдеме човекот со кој „се ќе оди како подмачкано“?

Да, во партнерствата постојат недоразбирања, но и ЛОШИ избори! Ксенија Николова го промовира нејзиниот роман со интригантен наслов „Емотивен манипулатор“, кој можеби ќе ви понуди обединување со многу други жени со срце создадено да сака и да се бори за вистинска љубов, но и срце кое знае да замине кога е веќе доста!!!

Нашата кавер-ѕвезда е њујорчанката со отворен ум и со слободен дух, секогаш подготвена да застане зад своите зборови и храбро да се бори за своите цели – Скарлет Јохансон.

Прочитајте и: причините за разводот на Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс

„Убавина и здравје“ и овој број ќе ви ги донесе сите новитети на козметичките куќи, идеи за подароци, тајните на ВИП мејкап артистите, но и оние на Росана Јанков, која ни ја откри својата рутина за нега на убавината. Секоја наша читателка ќе може да ја проба моќта на термалната вода   во  силната хидратантна нега за чувствителна кожа, кремот за лице Aqualia Dynamic на Vichy.

Сегметот здравје е богат со совети од стручњаците со чија помош го направивме – Ултимативниот план за здравје и за среќа, ви ги презентираме револуционерните технологии што ќе направат разлика во третманот на голем број болести и состојби, а ви обезбедивме и план за „Фит-гозба“, фантастични рецепти на центарот за наука за животот „ИГЕЛОСА“ од Шведска со иновацијата на „Орифлеим“ – висококвалитетна протеинска мешавина.

Уште и прочитајте: 

– саканиот на Џенифер Лопез, бејзбол-ѕвездата, Алекс Родригез, открива во што е тајната на нејзината вечна младоликост…;

Прочитајте и: раскошниот дом на Џенифер Лопез

– како се пишува љубов? Четири љубовни романи, од кои можете да научите многу за љубовта и за машко-женските односи. Сите книги се подарок за нашите читателки;

– ски-патеки, лизгалишта, спа-центри – зимски дестинации за паметење;

„Урбана и моќна“, модна приказна на нашиот тим: Магдалена Медичи и Александар Велов која прикажува визија за стилот на современата жена, истовремена нежна како најфините материјали, а силна како челик. Затоа соодветна локација за фотографирање пронајдовме во челичната арматура и модерниот дизајн на новиот софистициран објект за домување „Адора флетајрон“.

Посакувам да ви се допадне и овој број…

посакувам да уживате во него со шолјата ароматичен овошен чај од „Подравка“ (подарок за секоја читателка)…

и посакувам тоа уживање да ве потсети секогаш да најдете време за себе и за уживање во малите нешта што не’ прават среќни, така сите околу нас ќе бидат посреќни!

Ваша Ј

#онаштонависитнаеважно

Јована Стојменовиќ

главен и одговрен уредник

„Убавина и здравје“

 

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време