Да се најде и негува љубовта!

#онаштонавистинаеважно

348

Август во „Убавина и здравје“

Ве покануваме во нашиот августовски мозаик! Најновиот број на магазинот „Убавина и здравје“ покрај тоа што ќе ви ги претстави светските трендови во областа на модата, убавината и здравјето, ќе ви покаже и како да се најде и негува љубовта. Месецов имаме еден главен проект: подобрување на љубовните односи!

Главната уредничка Јована Стојменовиќ ја начнува оваа тема со прашањето „Комплицирано е?“, а понатамошните содржини на магазинот ќе ви ги понудат сите потребни совети за квалитетен љубовен живот.

„Дали се врските задолжителни?“, „Што е здраво, а што не е?“, „Како подобро да го согледаме партнерот?“ се само дел од прашањата што ќе ви ги одговориме во темата на бројот  – Проект: врска.

Сигурно знаете дека треба да ја негувате врската со партнерот, но што велите за пријателство со бившиот?

„Кога ќе можеме да зборуваме со љубов со некој што нè повредил, токму тогаш сме ја добиле битката“, вели нашата позната актерка Јана Стојановска.

Прочитајте го остатокот од нејзиниот одговор, но и спротивставеното мислење на нашата друга соговорничка, писателката Ксенија Николова.

На темата љубов ни зборуваше и посветениот сопруг, татко и актер Едмонд Сотир кого имавме можност да го запознаеме од малку поинаков агол.

„Љубовта е прва и основна вредност што човекот мора да ја спознае пред сè друго во животот“, ни изјави нашата театарска ѕвезда.

Велат дека за да опстане љубовта, партнерите треба да имаат и приватен живот, слободно време само за себе, во кое нема да им се меша никој. Но кога приватниот живот преминува во двоен? За ризиците и опасностите од двојниот живот ќе ви раскаже заменик-уредничката Марија Лукаревска во својата августовска колумна.

За да привлечете љубов, мора прво да бидете задоволни од самите себе, а тоа нема да можете да го постигнете ако заборавите да ја негувате вашата убавина. Овој месец во преден план се ноктите, па затоа ние ќе ви понудиме 30 идеи за летен маникир.

Во фокусот се и проширените пори кои дури и најсовршената шминка не може да ги измазни, но постои решение…

Своите тајни на убавината ни ги откри и динамичната водителка Живкица Каленикова која смета дека „нема ништо поубаво од реализирана и вистински среќна жена“.

Слично мислење делат и неколку наши модни блогерки кои ни открија во што се чувствуваат секси. Даниела Ѓуровска, Александра Трпеска, Емилија Вучиновска и Фросина Дамјановска ни споделија кои се нивните омилени парчиња облека, но и која е тајната на женската привлечност.

Кога сме веќе кај модата, модната уредничка Магдалена Медичи и фотографот Александар Велов и овој месец ни подготвија интересен моден едиторијал и ни претставија неколку модерни комбинации за урбано лето.

Она што никогаш не излегува од мода е убаво обликуваното тело. Инструкторот по пливање Даниел Трбогазов направи ефикасен план за пливање кој ќе ви покаже како да станете фит без потење.

Откако ќе се погрижите за убавината, изгледот и телото, треба да им обрнете внимание и на умот и душата. Потребни ви се одмор и бегство од секојдневјето? Имаме одлични предлози за вашиот летен ескапизам

Сите овие содржини за врските и негата, можеби ќе ве инспирираат да направите важен животен чекор и да ја крунисате вашата љубов со брак! Овој број ви открива кои се топ-трендовите за уникатна венчавка што ќе ви помогнат да бидете посебни и да ги изненадите гостите.

Велат дека за да најдете љубов, прво мора да научите да се сакате себеси. Но исто толку важно е да научите и како да сочувствувате со другите. Емпатијата е една од заборавените вредности во денешно време, но има луѓе кои активно се залагаат за нејзино будење. Режисерот Милош Б. Андоновски со својата театарска претстава „Физика на тагата“ ни порачува дека селекцијата на чувствувањето е невозможна.

„Не можеме да бидеме среќни ако не сме подготвени и на тага“, ни откри Милош во нашиот разговор.

Магазинот „Убавина и здравје“ како и секој месец така и овој се обидува да сочувствува со своите читатели, да ги разбере нивните потреби и да им понуди квалитетни содржини кои ќе им бидат корисни и интересни. Се надеваме дека и во овој број ќе ги почувствувате нашата љубов и посветеност на односот со вас!

Лукаревска,

заменик-уредничка на „Убавина и здравје“

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време