Архитектура, дом, дизајн и уредување: Вториот број на магазинот Homestyle е во продажба!

Дознајте кои се најновите трендови

4,696

Новиот број на Homestyle нека биде вашиот урбан прирачник што ќе ве инспирира да го создадете вашето домашно засолниште од соништата!

Пред три месеца, во март 2018 година, започна приказната наречена Homestyle поддржана од Bravacasa, а долгоочекуваниот втор број сега е во продажба! Еден од сегментите на највлијателниот женски магазин „Убавина и здравје“ ќе ви ги открие најновите трендови од сферата на архитектурата, дизајнот и уредувањето на домот.

Најпрво, Homestyle ќе ви претстави ултрамодерна визија на еколошко домување, инспирирана од градбата на бродовите. Потоа, ќе се запознаете со ентериерот на њујоршкиот пентхаус што го открива единствениот сензибилитет на Томи Хилфигер. Волшебната сценографија на овој ресторан во Пекинг, пак, ќе ве остави без зборови!

Ќе имате можност да се запознаете и со парчињата мебел што постојат благодарение на Ингвар Кампард, основачот на „Икеа“, но и да ѕирнете во домовите, гаражите и плакарите на абнормално богатите луѓе.

Се прашувате дали е возможно да создадете модерен дом за големо семејство? Ние велиме, да! А инспирација ќе најдете токму во најновиот број на Homestyle.

Дали некогаш сте почувствувале апсолутен комфор? „Кристина Дамил“ може да ви го овозможи тоа со соединување на удобноста, функционалноста, дизајнот и големиот асортиман на производи.

Модел: Бојана Нушкова
Шминка: Магдалена Костовска
Фото: Александар Велов

Можеби токму она што ви треба е мала оаза за двајца, која можете да ја создадете заедно со вашиот партнер за осум месеци!

Расположени сте за промени? Летото е вистинско време да го освежите домот со впечатливи и ефектни бои. Погледнете ги нашите идеи и предлози.

Покрај тоа, дознајте како да создадете пријатен и светол амбиент, што треба да избегнувате при уредување на домот, каква трпезариска маса да одберете, како да ја организирате кујната и како да го уредите вашиот мал стан.

Дајте му нова димензија на просторот и претворете го вашиот дом во оаза на мирот.  Новиот број на Homestyle нека биде вашиот урбан прирачник што ќе ве инспирира да го создадете вашето домашно засолниште од соништата!

Доколку пропуштивте да ги прочитате содржините од првиот број на Homestyle, можете да најдете дел од нив на следниов линк.

Текст: Марија Лукаревска

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време