Секогаш кажувајте што сакате, но почитувајте ги и неговите желби: 9 важни лекции за сексот!

За потполно уживање, неопходно е да ги знаете следниве важни совети

250

Вашиот сексуален живот ќе биде онаков каков што вие сами ќе направите да биде

За да имате што е можно подобар и повозбудлив сексуален живот, обидете се да ги следите следниве совети…

1. Кажете што сакате

Изразете ги вашите желби, без чувство на срам. Никој не може да ви ги прочита мислите, а понекогаш тешко е да се разберат скриените знаци.

2. Почитувајте ги желбите на партнерот

Ако ви даде до знаење дека не е расположен за секс, прифатете го тоа и задоволете се со прегратка и бакнеж. Сигурно и вие не сте баш секогаш расположени.

3. Немојте да бегате

Никогаш немојте да се искрадувате од неговиот стан, особено ако сакате повторно да се видите.

4. Излечете го мамурлакот со секс

После кафето и сокот од домати, сексот е најдобриот лек за мамурлак.

5. Немојте да му судите според првиот пат

Првиот пат речиси никогаш не е совршен поради тремата и нервозата, но и поради недоволното познавање на желбите и техниките на партнерот. Дозволете си и себеси и нему да се опуштите и разговарајте за желбите и работите што не ви одговараат.

6. Не ја занемарувајте предиграта

Предиграта е важна и секогаш треба да го имате тоа на ум. Па, и пред да вежбате се загревате, зар не?

7. Не му дозволувајте да дава негативни коментари за вашиот изглед

Секоја жена заслужува маж кој ќе ја почитува и цени таква каква што е. Не му дозволувајте никому да ве навредува и да ги набројува работите што не му се допаѓаат кај вас.

8. Исфрлете го тепањето од сексуалниот вокабулар

Сексот не е можност за незрело однесување.

9. Сексот треба да биде забавен

Опуштете се, разгорете ја вашата фантазија и забавувајте се за време на сексот. Освен вашиот партнер, ќе се изненадите и самите себе.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време