Најубавите љубовни цитати од нашите омилени романтични филмови

286

Прочитајте ги најубавите љубовни цитати од некои култни романтични филмови…

Љубовта е моќна движечка сила и отсекогаш служела како инспирација за многу уметници. Големите љубовни приказни ги помниме токму поради емоциите што ни ги пренеле, но и поради тоа што ни дале верба во вистинската љубов. Прочитајте ги најубавите љубовни цитати од некои култни романтични филмови…

Најубавите љубовни цитати од нашите омилени романтични филмови

„Бележникoт“ (The Notebook) – според романот на Никола Спаркс

„Јас сум како ист како и секој друг маж, човек со едноставни желби и размислувања кој живее сосема обичен живот. Никој не ми посветил споменик, песна или приказна и верувам дека моето име ќе биде заборавено многу брзо откако ќе го напуштам овој свет. Но, во овој обичен живот, успеав сам да добијам почит и љубов од најубавата личност која некогаш живеела на земјата. Жената која ја сакав со сето мое срце и тоа ми беше доволно за цел еден живот.“

„Кога Хери ја запозна Сели“ (When Harry Met Sally)

„Го сакам тоа што ти е зима кога надвор е 25 степени. Го сакам тоа што ти треба час и половина за да одлучиш каков сендвич ќе направиш. Ги сакам тие мали брчки што ти се појавиле на лицето. Го сакам тоа што по твоето заминување можам да го почувствувам твојот мирис на мојот дуксер со часови, со денови. Го сакам тоа што си последната личност на која би ѝ се јавил ако посакам некој да ме заспие и смири пред спиење. И не дојдов ниту поради осаменоста, ниту поради Нова година. Дојдов затоа што кога ќе сфатите дека постои некој со кого сакате да го поминете остатокот од вашиот живот, сакате тоа да се случи во овој момент, односно да не чекате ни секунда.“

„Џери Мегваер“ (Jerry Maguire)

„Ти ме исполнуваш. Ме правиш целосен.“

„Големиот Гетсби“ (The Great Gatsby) – според романот на Ф. Скот Фицџералд

„Знаеше дека по неколку бакнежи од таа девојка, ќе одбие да ги бакне сите останати и дека тој бакнеж вечно ќе остане врежан во неговата свест. Затоа застана, само за момент се издиша малку подолго пред да ги спои усните со нејзините. И потоа ја бакна. Кога неговите усни ги допреа нејзините како нежни цветни ливчиња, спојот беше величенствен и тој ѝ се предаде.“

„Џејн Ер“ (Jane Eyre) – според романот на Шарлот Бронте

„Го сакам секој дел од твоето дело како отсекогаш да ми припаѓал мене. Како да е дел од мене. Ќе го сакам подеднакво и во болка и во мака.“

„Однесено од виорот“ (Gone With the Wind) – според романот на Маргарет Мичел

„Ти треба да си љубена и тоа често. И тоа треба да го прави некој кој знае што прави.“

„Господар на прстените: Дружината на прстенот“ (The Lord of the Rings: Fellowship of the Ring)

„Попрво би поминал еден живот со тебе, отколку да поминам неколку векови сам.“

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време