Знаци дека сè уште не ја преболел бившата: Дознајте дали тој уште мисли на неа!

Ако забележите вакво однесување, бегајте што подалеку

683

Ниту една девојка не сака да биде во сенката на поранешната девојка на својот партнер

Сите момци ќе им кажат на девојките дека ја преболеле бившата, но нивното однесување може да ја открие вистината. Ова се знаците дека вашиот партнер сè уште мисли на поранешната девојка…

Ја брани пред другите

Иако му го скршила срцето и го повредила, тој не дозволува никој да зборува лоши работи за неа и сè уште смета дека е совршена. Во ваков случај, никогаш нема да можете да се мерите со неговата бивша девојка, па затоа најдобро е да не се ни обидувате.

Секојдневно ја споменува

Дури и да зборува за тоа колку била напорна и безобразна, ваквото однесување издава дека тој сè уште има силни емоции кон бившата и секој ден мисли на неа.

Одбегнува секаков разговор за неа

Мажот кој навистина ја преболел бившата нема да има проблем да ви каже колкава болка му нанела или да ја спомене во некои од неговите стари приказни. Но ако упорно одбегнува секаков разговор за бившата, тоа може да биде знак дека не расчистил со своите чувства кон неа.

Бившата му станала најдобра пријателка

Нема ништо лошо во тоа да остане во контакт со бившата, напротив, тоа е еден од знаците дека ја преболел. Но чудно е кога поранешни партнери стануваат најдобри пријатели по раскинувањето. Тоа обично значи дека еден од нив дефинитивно не ја преболел врската, а тоа најчесто е личноста која била оставена.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време