Среќните парови секојдневно се караат: Дознајте дали имате идеален брак!

Кои се вашите причини за кавга?

577

Некои караници не се толку лоши колку што мислите, особено во бракот

Многу смеење и по една караница на ден. Ова е рецептот за среќа во бракот, а создаден е од страна на Кејт и Бил, сопружници кои имаат 90 години.

Експертите се согласуваат со тоа и велат дека секојдневните расправии се пожелен зачин, но само ако се конструктивни и не водат до физичка пресметка.

Истражувањата покажуваат дека паровите најчесто се караат во врска со четири работи.

Прва на листата е кој што прави. Речиси во секој дом избива караница поради тоа што жената целиот ден го поминала на шпорет, а мажот пред телевизор.

Втора причина за кавга е кој повеќе троши, а потоа следува незаинтересираноста за секс.

Последна, но не и помалку важна причина за караница е тоа што мажите честопати не можат да сфатат зошто нивните сопруги се толку врзани за родителите. Но ниту жените не остануваат покуси, па најчесто им замеруваат на своите мажи поради тоа што си ги слушаат мајките без никаков приговор.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.