Најдрагоцените совети за љубовта: Вреди да ги прочитате овие лекции!

Не можете никого да промените

443

Никогаш не смеете да заборавите на следниве неколку работи, без разлика дали сте во врска или во потрага

Не ја споредувајте вашата врска со другите

Само затоа што вашите родители се развеле не значи дека и вашата врска е осудена пропаст. Паровите што делуваат совршени може да имаат сериозни проблеми, но не ги покажуваат емоциите јавно и не откриваат каква им е врската навистина. Немојте да ги гледате другите врски, водете сметка само за својата.

Не можете да промените никого

Луѓето се менуваат единствено ако сами имаат потреба за тоа. Ни случајно не започнувајте врска со личност која планирате да ја менувате, бидејќи тоа никогаш нема да се случи.

Никој не може да ви ги чита мислите

Ако нешто сакате, кажете го тоа јасно и гласно. Немојте да му замерувате и да му се лутите на партнерот ако не го направил она што сте го сакале, но не сте го кажале. Комуникацијата е клучот на здравиот однос. Немојте да викате еден на друг без причина. Седнете и разговарајте разумно како возрасни луѓе. Ако веќе се расправате, потрудете се вашата караница да биде продуктивна и да дојде до некое решение, наместо одново и одново да се карате за истиот проблем.

Немојте да изигрувате детективи

Ако се сомневате дека вашиот партнер е неверен или едноставно се чувствувате запоставено, разговарајте за тоа. Само немојте да направите нешто што би можело да ја уништи вашата врска без добра причина.

Стилот на облекување и парите нема да ве натераат да се вљубите во некого

Наместо да барате совршен партнер кој ги исполнува сите ваши критериуми, дозволете му на човекот кој навистина ве сака да ве направи среќни.

Мора да ги цените истите вредности

Сосема е во ред да имате различни вкусови за музика, филмови и забава, но кога се работи за сериозни животни прашања, како на пример кариера, недвижнини, брак и деца, би требало да имате исто мислење.

Само вие можете да одлучите што е добро за вас и вашата врска

Слободно послушајте го советот на пријателите и семејството, но направете го она што ви го советува срцето, бидејќи тоа знае најдобро.

Покажете му на партнерот дека навистина се грижите за работите што нему му се важни

Заемното почитување и поддршка се дел од основните вредности на секоја врска.

Паровите кои опстануваат се оние кои работат на својата врска

Не постои совршена врска, но ако сакате да останете засекогаш со некого, мора да бидете подготвени на борба во тешките периоди. Токму тие моменти се показател на вашата поврзаност.

Сексот е важен

Не дозволувајте никој да ве убеди во спротивното. Иако не е најважен, тоа е физички начин на покажување љубов и приврзаност. Работете на одржувањето на страста во врската.

Големите животни промени ги менуваат луѓето

Промената на живеалиштето, работата, загубата на родителите или големиот напредок во кариерата можат да ги сменат луѓето. Никој нема да ве обвинува ако врската пукне после таквите ситуации или ако едноставно не сте повеќе на иста бранова должина.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време