Дали мажите изневеруваат со убави или со непривлечни жени?

Nајновите истражувања покажале дека убавината не игра голема улога во неверствата

237

Се поставува прашањето дали мажите ги изневеруваат своите партнерки со жени кои се поубави или понепривлечни од нив

Мажите признаа дека кога изневеруваат, физичкиот изглед не им е од пресудно значење! Некои истражувања покажале дека голем дел од нив ги изневерувале своите партнерки со жени кои биле помалку привлечни од нив.

Имено, најновите истражувања покажале дека убавината не игра голема улога во неверствата. На мажите многу поважни им се страста, нежноста и вниманието.

Повеќето мажи кои учествувале во истражувањето биле свесни дека нивната сакана е поубава од љубовницата, а само 30% од нив признале дека ја изневериле партнерката со помлада девојка. Само четвртина од мажите сметале дека нивната љубовница е поубава од сопругата.

Жените имале исто мислење за нивните љубовници. Само додале дека љубовникот бил воглавно во подобра форма од сопругот и повеќе ги ценел.

Често слушаме дека мажите ги сакаат своите сопруги, но не умеат да ги решат проблемите во врската. Бараат љубовница за да го најдат она што им недостасува во бракот. Мажите по некое време сфаќаат дека ниту новата врска не е толку совршена колку што си мислеле, па се враќаат во семејното гнездо како ништо да не се случило.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време