Благица Павловска во сочен бакнеж со саканиот

Фолк-пејачката конечно ја пронајде својата среќа во љубовта

1,799

Нашата фолк-ѕвезда Благица Павловска го пронајде внатрешниот мир по кој трагаше неколку години наназад. Таа ја пронајде љубовта на својот живот и не се воздржува на своите обоѓаватели и следбеници на социјалните мрежи да им покаже колку е среќна. Имено, пејачката и нејзиниот сакан постојано се како што вели таа на „љубовен пат“, често патуваат и уживаат во љубовта.

Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа. Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од страст кои немаат значење и не ти го полнат срцето. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно”, не пропушта да каже фолк-пејачката Благица Павловска за својата љубов Тале.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.