5 знаци дека сте им напорни на мажите

Мажите воопшто не поднесуваат напорни и здодевни жени

627

Дали постојано барате внимание?

Некои жени несвесно ги оддалечуваат мажите со своето однесување. Ниту една девојка не сака да чуе дека е напорна, но некои навистина се, а мажите воопшто не поднесуваат напорни и здодевни жени. Ова се 5-те јасни знаци дека мажите ве сметаат за напорни…

1. Премногу мислите на него, а премалку на себе

Убаво е да му посветувате внимание на партнерот, но понекогаш, преголемото внимание станува напорно. Потребно е да се фокусирате на вашиот живот и само повремено да покажете грижа за неговиот.

2. Премногу давате, а за возврат добивате многу малку

Доколку премногу му давате на партнерот, вие потсвесно градите слични очекувања, а кога нема да ви се исполнат, станувате напорни со коментарите за тоа како тој не се грижи за вас.

3. Не му давате време да се потруди

Секогаш се јавувате први, праќате повеќе пораки од него, сите работи ги организирате и се грижите за сè, поради што честопати не му давате ни време ни простор самиот да се потруди.

4. Постојано барате внимание

Не смеете да се наметнувате и да го гушите партнерот. Ако ви е потребно внимание, почекајте сам да ви го подари тоа Со преголемото инсистирање само ќе го избркате од себе.

5. Немате став

Доколку немате свој став и не знаете да кажете „не“, мажите многу брзо ќе престанат да ве ценат и ќе побегнат од вас.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време