5 знаци дека не сте повеќе вљубени во вашиот партнер

Крајот на вљубеност значи крај на врската

675

Вљубеноста е интензивно чувство од кое се раѓа љубовта меѓу двајца луѓе, меѓутоа, што ако вљубеноста исчезне?

Иако времето и спомените нè поттикнуваат да сториме сè за да ја спасиме врската, недостигот на вљубеност, а со самото тоа и љубов, е неминовен крај на еден однос. Со оглед на тоа што многумина го игнорираат овој проблем, следниве неколку јасни знаци дека не сте вљубени ќе ви ги отворат очите…

1. Не ви пречи ако не се чуете со партнерот подолго време

Кога сте во здрава врска, комуникацијата со партнерот е нешто очекувано и пожелно. Ако сте дошле до онаа фаза кога ви е сеедно дали комуницирате или не, тоа е знак дека не сте толку вљубени колку што мислите.

2. Постојано им се жалите на пријателите поради вашиот партнер

Нормално е одвреме-навреме да им се пожалите на пријателите поради здодевните навики на вашиот партнер, но ако тоа го правите почесто од вообичаено, нешто во вашата врска не функционира како што треба.

3. Не уживате во негово друштво

Кога сте вљубени во некого, сакате да поминувате што е можно повеќе време со него, па ако сте дошле до фазата во која ви треба повеќе простор од вообичаено, можеби имате проблем. Ако повеќе не се смеете заедно и не уживате во близина на саканиот, време е да ги преиспитате вашите чувства.

4. Најмногу ве нервира вашиот партнер

Секој пар има свои добри и лоши денови, но ако ве лути секоја негова постапка, дури и кога не прави ништо лошо, тоа не е добар знак за вашата врска. Време е да се запрашате дали навистина го сакате сето ова.

5. Чувствувате олеснување кога партнерот не сака да појде некаде со вас

Понекогаш не можеме да го придружуваме партнерот на некој важен настан поради обврски и нормално е другата личност да биде малку разочарана. Но ако вам ви станало сеедно дали сте заедно или не во некои важни ситуации, тоа е знак дека вашата врска и љубов не се толку силни колку претходно.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.