3 совети според фенг-шуи за привлекување љубовна енергија во домот

Пред да ги послушате овие совети, експертите за фенг-шуи велат дека мора да се сакате себеси и да се грижите за сопствените емоционални потреби

228

Дури откога ќе ги исполните овие услови, можете да создадете позитивна енергија во домот, која ќе привлече и љубовна енергија.

Совет 1

Претворете ја својата соба во место кое ќе зрачи со позитивната енергија и романтична атмосфера. Каков е креветот во којшто спиете, а каква е бојата на вашите ѕидови? Дури и ако сте сами, средете ја вашата спална соба во боите на љубовта за две личности. Енергијата над креветот треба да биде силна и балансирана. Поставете ноќни масички на двете страни или препуштете и се на вашата креативност.

Совет 2

Претворете ја бањата во спа-простор кој ќе привлекува љубовна енергија. Поголемиот дел од луѓето не обрнуваат внимание на бањата и оваа просторија обично последна доаѓа на ред за средување. Меѓутоа, според фенг шуи, навистина е важно оваа просторија да биде уредна и средена за да може со вашиот живот да владее благосостојба и љубов.

Бањата најчесто ја користиме за да го исчистиме телото, но експертите по фенг шуи велат дека тука треба да ја чистиме и душата. Затоа уредната и убава бања ќе им донесе добра енергија и на вашето тело и на вашата душа. Доколку зрачите со позитивна енергија полесно ќе привлечете сродна душа во својот живот.

Совет 3

Исполнете го домот со детали кои според фенг шуи носат среќа и благосостојба. Секако дека поставувањето на мандаринската патка на вистинското место не е доволно само по себе, но овој предмет секако ќе ви донесе позитивна енергија во вашиот дом, а со самото тоа и во вашиот живот. Романтичната слика која асоцира на љубов, кристалите во форма на роза и црвените свеќи ќе допринесат за создавање на позитивна атмосфера во која ќе се чувствувате блажено, сакано и сигурно.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време