Торта за двајца: Кремаста фантазија за Денот на вљубените!

Уживајте во Денот на вљубените со овој вкусен десерт

133
Потребни состојки:
  • 8 јајца
  • 11 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 децилитар млеко
  • 0,5 децилитри масло
  • рендана кора од портокал
За филот:
  • 2 пудинга од јагода
  • 1 децилитар за матење на пудингот
  • 500 милилитри млеко за готвење на пудингот
  • половина маргарин
  • шлаг по желба
  • 1 лажичка екстракт од јагода
Начин на подготовка:

Направете бисквит за торта така што ќе ги изматите жолчките и шеќерот. Потоа, додадете и масло и млеко, добро измешајте, па додадете брашно, прашок за печиво, ванилин шеќер и рендана кора од портокал. Кога смесата ќе се соедини, додајте ги и изматените белки.

Печете ја кората 20 минути на 200 степени Целзиусови во калап со облик на срце. Доколку немате калап со облик на срце, лесно ќе можете да го исечете бисквитот со тркалезна форма.

Кога ќе се испече кората, пресечете ја хоризонтално за да добиете 2 кори.

Изматете ги двата пудинга од јагода и сварете половина литар млеко. Кога ќе се излади, додадете половина маргарин и филувајте ја тортата. Изматете го шлагот во кој можете да додадете екстракт од јагода за да добиете црвена боја. Тортата можете да ја украсите со цели јагоди или малини, по ваш вкус.

Уживајте во Денот на вљубените со овој вкусен десерт!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време