Салата од краставици и црн грав

Соврешно предјадење

167

Ќе ви требаат само 20 минути за да ја подготвите оваа вкусна салата

Оваа едноставна салата може да ви послужи како одлично предјадење, но и како самостоен ручек. Црниот грав можете да го замените со леблебии или обичен грав.

За 6 лица

Потребно време: 20 минути

Потребни состојки:
  • 3 лажици екстра девствено маслиново масло
  • 2 лажици лимонов сок
  • 2 лажици свежо исечкано оригано или 1 лажица свежо мелен црн бибер
  • 4 шолји излупени краставици, исечени на коцки
  • 1 конзерва (400 грама) исцеден црн грав
  • 2/3 шолја црвени пиперки (бабури) исечкани на коцки
  • ½ шолја здробено фета сирење
  • ¼ шолја тенко исечен кромид
  • 2 лажици исечкани црни маслинки
  • пченка (по желба)
Начин на подготовка:

Во голема чинија, изматете го маслото, лимоновиот сок, ориганото и биберот додека не се соединат сите состојки. Додајте ги краставицата, гравот, пиперката, фетата, кромидот и маслинките. Јадењето можете да го послужите на собна температура, а можете и да го разладите пред послужување.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време