Тестенини со сланина и кашкавал печени во рерна: Вашето ново омилено јадење!

Без претходно готвење и без валкање дополнителни садови

224

Пробајте го овој лесен рецепт во кој сите ќе уживаат

Ако немате време за варење тестенини, можете да ги потпечете во сад премачкан со масло додека не потемнат малку, па да ги прелиете со сос и да ги довршите како ризото, во рерна или на шпорет. Така тестенините ќе добијат убав оревест вкус. Траењето на печењето зависи од видот на тестенини, а имајте на ум дека побрзо ќе омекнат во сос на база на млеко или павлака отколку на домати.

Потребни состојки:
  • 250 грама тестенини
  • 150 грама сланина
  • 150 грама моцарела
  • 150 грама гауда
  • пармезан
  • 200 милилитри млеко
  • лажица брашно
  • лажица путер
  • сол
  • бибер
  • мускатно оревче
  • босилек
  • маслинки
Начин на подготовка:

1. Вклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови, па ставете ги тестенините и исечената сланина на плех за печење, подмачкан со масло. Оставете ги да се печат неколку минути и внимавајте да не изгорат.

2. Направете бешамел сос од путер, брашно и млеко, па додајте изрендана гауда или моцарела. Посолете и забиберите, па додајте го мускатното оревче.

3. Истурете го сосот од кашкавал врз тестенини, промешајте и поклопете го садот. Печете на 180 степени Целзиусови околу 50 минути додека не омекнат тестенините.

4. Тргнете го капакот, поросете со пармезан и кратко запечете. Послужете со маслинки и босилек.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време