Пита со блитва и фета сирење: Брзо решение за вкусен ручек

Одлично решение за оние кои немаат време да прават ручек

75

Готвењето не ви е силна страна? Овој рецепт е за вас!

Оваа пита е идеално решение за сите оние кои не се снаоѓаат баш најдобро во кујна или немаат време да подготвуваат комплицирано јадење за ручек.

Потребни состојки:
  • 1 пакување лиснато тесто
  • 500 грама блитва
  • 2 лажици маслиново масло
  • 8 лажици путер
  • 1 јајце
  • 200 грама фета сирење
  • 2 лажици сечкана мирудија
  • Сол
  • Бибер
Начин на подготовка:

Измијте ја блитвата и отсечете ги тврдите делоци. Обарете ја кратко во врела вода. Исцедете ја и ситно исечкајте ја. Раширете го тестото за да биде нешто поголемо од големината на еден калап. Во сад измешајте ја исечканата блитва, фета сирењето, јајцето и мирудијата, па распоредете ја таа смеса низ тестото. Пуштете го да падне вишокот тесто на смесата. Печете на 200 степени околу 20 минути или додека тестото не добие боја.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време