Жедна калуѓерка: Чоколаден десерт што ќе го обожавате

Превкусно!

439

Подгответе го овој колач и уживајте!

Потребни состојки:
  • 6 јајца
  • 1 и ¼ шолја шеќер
  • 1 и ½ шолја брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1-2 кесички ванила

За преливот

  • 1 шолја вода
  • 1 шолја шеќер
  • 125 грама путер
  • 3 супени лажици какао
Начин на подготовка:

За корите, изматете ги јајцата со шеќерот и додајте ги брашното, прашокот за печиво и ванилата. Сето тоа добро изматете го и префрлете ја смесата во подмачкан квадратен плех.

Ставете го да се пече во умерено загреана рерна сè додека не биде готово. Оставете го да се излади испечениот колач.

Ставете сад на рингла и измешајте вода, шеќер, путер и што смесата се загрее, додајте какао. Кога ќе зоврие, тргнете ја од оган притоа непрестајно мешајќи.

Поделете го преливот рамномерно врз колачот и наросете со кокос, по желба. Оставете го да отстои еден час, а потоа послужете го. Уживајте!

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време