Овошно тирамису: Нова верзија на добро познатиот десерт

Пробајте го овој италијански десерт во неочекувана овошно-летна варијанта

272

Ќе ви требаат 10 минути за подготовка и неколку часа трпеливо чекање, а ќе добиете вкусен десерт

Веројатно сте пробале тирамису досега и многу добро ви е познат неговиот вкус. Заменете ги кафето и какаото со јагоди, малини и боровинки и направете поздрава варијанта на овој вкусен десерт. Во рецептот можете да додадете и рибизли и капини или да направите некоја поинаква комбинација на овошје по желба. Ако сакате да добиете егзотична варијанта, употребете ананас, киви и манго, а можете да додадете и ликер од кокос и џем од портокал. Сепак, поради здравствените придобивки на шумското овошје, во оваа верзија главни ѕвезди се јагодите, малините и боровинките.

Потребни состојки:
  • 20 парчиња пишкоти
  • 1 шолја маскарпоне сирење
  • 1 ½ шолја слатка павлака
  • 1 шолја шеќер
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • 5 лажичиња ликер од малина
  • 2/3 шолји џем од јагоди
  • 1 ½ шолја исечкани јагоди
  • 1 шолја свежи малини
  • ½ шолја боровинки
Начин на подготовка:

Земете четириаголен стаклен сад и внимателно премачкајте го со нерафинирано растително масло. Потоа наредете 10 парчиња пишкоти, најдобро по 5 во 2 реда.

Во стаклена чинија матете слатка павлака со миксер 3 до 4 минути, додека не стане воздушеста, но и цврста. Потоа, додадете го маскарпоне сирењето кое претходно стоело на собна температура, ½ шолја шеќер, екстракт од ванила и 2 лажички ликер од малина.

Во друга, помала чинија, измешајте џем од јагоди и трите преостанати лажички ликер од малини. Во трета чинија, внимателно измешајте свежи јагоди, малини и боровинки со другата половина шолја шеќер што ви останала. Овошјето веднаш ќе ги пушти соковите, но тоа е сосема во ред.

Врз пишкотите, прво рамномерно нанесете слој од половина од изматената слатка павлака и маскарпоне сирењењ, потоа внимателно размачкајте половина од смесата од џем и ликер, па прекријте со половина од овошјето.

Повторете ј постапката уште еднаш со остатокот од смесата: пишкоти, кремав фил, џем со ликер и на крајот овошје.

Покријте со проѕирна фолија, па оставете ја тортата во фрижидер најмалку 4 часа. Задолжително послужете го тирамисуто ладно и уживајте!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време