Најсочната баклава со јагоди што некогаш сте ја пробале!

Повкусна од обичната баклава!

329

Баклавата е совршен десерт за љубителите на слатки и крцкави залчиња

Наместо со ореви, комбинирајте ја баклавата со овошје! Овој пат употребете јагоди! Овошните баклави се идеални за претстојните топли денови, многу се освежувачки, а подготовката е едноставна, па така за многу кратко време ќе добиете прекрасен десерт.

Потребни состојки:
  • ½ килограм тенки кори
  • 200 грама мелени ореви
  • 100 грама суво грозје
  • 300 грама јагоди
  • 1 лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • 600 грама шеќер
  • масло

Начин на подготовка:

Намачкајте ја тепсијата со масло, па ставете ја првата кора на дното, потоа ставете ја втората и намачкајте ја со масло. Истото повторете го со 1/3 од корите. Потоа ставете половина од мелените ореви и сувото грозје.

Исечете ги јагодите на тенки парчиња па покријте ги корите со нив, потоа ставете фил и јагоди и покријте ги корите, а секоја од нив премачкувајте ја со масло.

Кога ќе ви се потрошат сите состојки, исечете ја баклавата на коцки, па печете ја на 200 степени Целзиусови околу 20-30 минути додека не зарумени убаво.

Загрејте го сирупот од шеќер и 300 милилитри вода, додајте ванилин шеќер и парчиња лимон. Прелијте ја печената баклава со млак сируп и оставете ја да се излади за да го впие.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време