Мини чизкејк: Десерт готов за 5 минути

Пробајте ја мини верзијата на добро познатиот десерт

56

Изненадете ги вашите најблиски со брз и вкусен десерт

Сакавте чизкејк што можете да го направите за 5 минути? Овој рецепт е токму тоа што го барате! Пробајте ја мини верзијата на овој десерт чиј вкус нема да ве остави рамнодушни.

Потребни состојки:
  • 3 големи ронливи бисквити по желба
  • 1 голема супена лажица стопен маргарин
  • 1 мало јајце
  • 50 грама крем сирење по желба
  • 2 големи лажици кисела павлака или јогурт
  • 1 голема лажица шеќер
  • Малку маргарин за мачкање
Начин на подготовка:

1. Изронете ги бисквитите .

2. Земете огноотпорна шолја и премачкајте ја со маргарин. Ставете ги изронетите бисквити во шолјата и прелијте ги со лажицата стопен маргарин. Втиснете ги бисквитите на дното на шолјата со прсти или лажица.

3. Изматете го јајцето. Додајте го крем сирењето, киселата павлака или јогуртот и лажицата шеќер, па сето тоа добро измешајте го.

4. Истурете ја смесата во шолјата каде што се наоѓаат бисквитите. Ставете ја шолјата во микробранова печка на посилна температура и печете најмалку 60 секунди или додека мини тортата со сирење не стане цврста на површината.

5. Извадете ја мини тортата од микробранова печка и оставете ја да се излади на собна температура. Потоа, внимателно одвојте ја од шолјата со нож, преместете ја на тацна и ставете ја во фрижидер да се излади.

Совет: Изладениот чизкејк можете да го украсите со свежо овошје по избор или да го надополните со прелив од шумско овошје. Добар апетит!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време