Домашен сладолед од кокос и бело чоколадо

Сладоледот е најубавиот десерт во летниот период

242

Овој сладолед ќе им даде тропски вкус на вашите летни денови

Потребни состојки:
  • 250 милилитри вода
  • 60 грама кокосово брашно
  • 150 милилитри кокосово млеко
  • 150 грама кисела павлака
  • 150 грама слатка павлака
  • 75 грама бело чоколадо
  • 4 лажици кокосово брашно
  • ½ лажиче екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Загрејте ги водата и кокосовото брашно во лонец на тивок оган со постојано мешање. Додајте млеко и загревајте уште 3 минути. Тргнете го лонецот од оган и оставете го да отстои уште 5 минути. Со помош на миксер направете кашичка. Исцедете го млекото со цедалка и направете цврст шлаг од слатка павлака со помош на миксер.

Стопете го белото чоколадо на пареа и оставете го малку да се излади. Во посебен сад, измешајте ги кокосовото млеко, киселата павлака, шеќерот и ванилата со миксер. Матете го миксерот додека не се стопи шеќерот и додека не се појават меурчиња на површина.

Во смесата, постепено додајте шлаг и внимателно мешајте. Потоа, додајте го стопеното чоколадо и исцеденото кокосово брашно, па сето тоа заедно добро промешајте го. Истурете ја добиената смеса во пластичен сад со поклопец или покријте ја со фолија.

Ставете го сладоледот во замрзнувач најмалку 4 часа. Пред да го послужите, извадете го сладоледот на 10 минути за да омекне и да ви го олесни сервирањето. Уживајте во слаткото освежување и разладете се!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време