Бела Хуанита: Најубавата кремава торта без печење

Прекрасен рецепт од карипските острови

1,521

Ќе ви застане здивот од овој вкусен десерт

Потребни состојки:
  • 200 грама наполитанки
  • 10 лажици шеќер
  • 1 литар млеко
  • 350 грама шлаг во прав
  • 2 кесички желатин
Начин на подготовка:

Сварете ги шеќерот и млекото. Тргнете ги од шпорет и оставете ги да се изладат. Изматете го желатинот во малку млеко и додајте го во свареното млеко. Смесата од тенџерето префрлете ја во сад за матење, додајте го прашокот за шлаг и матете со миксер.

Во калап обложен со фолија, истурете дел од смесата од садот (во овој дел можете да додадете кокос доколку сакате), а во останатиот дел додајте мелени наполитанки.

Промешајте и дополнете го калапот со оваа смеса. Оставете ја во фрижидер за да се зацврсти. Со миксер изматете го млекото и прашокот за шлаг. Извадете го изладениот колач. Наполнете шприц со шлаг и украсете ја тортата. Декорирајте ја тортата по желба.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време