Летен хит за 2018 година: Слушнете ја „Ванила“ на Антониа и Панчо

Брза песна со летен ритам

414

Антониа и Панчо се покажаа како одлична комбинација

„Ванила“ е најновата песна на младата пејачка Антониа Гиговска, во која гостува и познатиот аренби пејач Панчо од дуото „ДНК“.

Станува збор за брза песна со летен ритам, а како автори на неа се потпишуваат најдобрите хит-мејкери во земјава, Лазар и Магдалена Цветковски.

Спотот е снимен во една приватна вила во Скопје, а во него покрај Антониа и Панчо се појавуваат и девојките од „Битрикс“, додека пак за стајлингот беше задолжена Викторија Бурсак, а Даниел Николовски беше одговорен за шминката и фризурата.

„Спотот е снимен пред неколку недели, но долго се работеше на него бидејќи сакавме се да изгледа совршено. Благодарна сум му премногу на режисерот Даниел Јовески, кој направи прекрасен спот. Исто така морам да му се заблагодарам и на Панчо што ја прифати понудата да ми биде гостин во оваа песна“, изјави Гиговска.

Погледнете и уживајте…

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време