Приказна за јапонски самурај што го воодушеви светот: Вака реагираат паметните луѓе на навредите!

Приказна што ќе ви ги отвори очите

271

Дознајте како мудрите луѓе реагираат на омразата, зависта и навредите

Си живеел еднаш еден стар мудар самурај. Имал група ученици и ги подучувал на мудрости и на воени вештини. Еден ден, за време на обуката, му пришол еден млад војник познат по својата грубост и суровост.

Неговата омилена тактика била провокацијата: тој ги навредувал противниците кои губеле трпение, го прифаќале предизвикот, но во лутина правеле многу грешки и на крајот ја губеле битката. Така било и овој пат: војникот кажал неколку навреди и почнал да ја набљудува реакцијата на самурајот. Самурајот мирно продолжил со предавањето.

Тоа се повторило неколку пати. Кога самурајот не изреагирал и третиот пат, војникот налутено си отишол од предавањето. Останатите ученици внимателно и заинтересирано ја набљудувале ситуацијата. По заминувањето на војникот, еден од нив не издржал:

„Учителе, зошто ги толериравте неговите напади и навреди? Требаше да го предизвикате на борба!“

Мудриот самурај одговорил:

„Кога некој ќе ви донесе подарок и вие нема да го прифатите, каде ќе заврши подарокот?“

„Кај неговиот сопственик“, одговориле учениците.

„Истото важи и за зависта, омразата, навредите и злобата. Сè додека не ги прифатите, тие му припаѓаат на човекот кој ги донел“, мудро заклучил самурајот.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.