Дневен хороскоп за ПОНЕДЕЛНИК (16.4.2018)

Дознајте каков ден ве очекува

1,575

Овен (21. 3 – 20. 4)

Љубов: По обичај, се поставувате супериорно во однос на партнерот, но тоа би можело да предизвика караница и конфликт со посериозни последици. На слободните им претстои убава авантура.

Работа: Амбициозни сте, а тоа посебно доаѓа до израз во овој период, кога повеќето други знаци одмораат. Имате шанса да се докажете.

Здравје: Добро се чувствувате.

Бик (21. 4 – 20. 5)

Љубов: Оние што се во врска ќе западнат во монотонија. На слободните им претстои ново познанство.

Работа: Ќе ги преиспитувате своите желби и амбиции, па можеби ќе заклучите дека моменталната работа не ве исполнува како порано. Некои ќе размислуваат за премин во друга фирма.

Здравје: Можни се главоболки и премаленост.

Близнаци (21. 5 – 21. 6)

Љубов: Зрачите со позитивна енергија, која ќе успеете да ја пренесете на партнерот. Ако сте слободни, ќе ги шармирате сите околу себе.

Работа: Многу ќе и се посветите на работата, но ако не сте на управителска функција, некој над вас би можел да ги присвои вашите заслуги.

Здравје: Можна е вирусна инфекција.

Рак (22. 6 – 22. 7)

Љубов: Партнерот ќе се обиде да ве потчини. Искрено кажете му дека ви пречи тоа и ситуацијата набрзо ќе се подобри. Слободните ќе запознаат интересна личност на работното место.

Работа: Ако преку работата контактирате со многу луѓе, ќе имате успех. Финансиската ситуација полека, но сигурно се подобрува.

Здравје: Респираторни проблеми.

Лав (23. 7 – 23. 8)

Љубов: Слободните Лавови ќе бидат расположени за заведување. На видик се авантури, кои може да прераснат во врска. На зафатените им претстојат мали кавги, но и голема страст во врската.

Работа: Амбициозни сте, како и секогаш, но овој месец нема да имате многу шанси за докажување.

Здравје: Добро се чувствувате.

Девица (24. 8 – 23. 9)

Љубов: Оние што се во врска ќе имаат проблеми со партнерот, но нема премногу да се грижат за тоа. Слободните зрачат со посебен шарм.

Работа: Ако во изминатиов период презедовте поволни чекори, сега е време да здивнете и да уживате во плодовите на сопствениот труд.

Здравје: Стомачни проблеми.

Терезија (24. 9 – 23. 10)

Љубов: Ако посакувате некоја промена со партнерот, стрпете се, не е време за тоа. Слободните ќе имаат многу додворувачи.

Работа: Овој месец нема да имате интересни мигови во работата, па ќе се досадувате и може да се случи да го загубите интересот. Сепак тоа е минлива фаза.

Здравје: Можни се главоболки.

Скорпија (24. 10 – 22. 11)

Љубов: Овој месец ќе бидете вистински магнет за лицата од спротивниот пол. Никој нема да може да ви одолее! Ви претстојат убави мигови со партнерот.

Работа: Сакате да постигнете максимум и да ја зацврстите својата позиција, која секако е добра. Внимателно трошете ги парите.

Здравје: Чувајте се од скршеници.

Стрелец (23. 11 – 21. 12)

Љубов: Позитивните промени на полето на љубовта доаѓаат бавно, но сигурно. Врската ќе се зацврсти, а емоциите ќе се засилат. Слободните се на прагот на нова врска.

Работа: Паничите и ги драматизирате нештата. Всушност, работата не ви оди толку лошо. Овој месец не очекувајте финансиска добивка.

Здравје: Добро се чувствувате.

Јарец (22. 12 – 20. 1)

Љубов: Тежнеете да бидете главни во врската, но на некои претставници на овој знак партнерот нема да им го дозволи тоа. Затоа се можни караници и раскинување.

Работа: Можно е разочарување, бидејќи проектот на кој работевте нема да доживее успех каков што очекувавте. Сепак нема да бидете во загуба.

Здравје: Ќе се нервирате.

Водолија (21. 1 – 19. 2)

Љубов: Водолиите сакаат промена во врската, па некои од нив ќе посакаат заеднички живот со партнерот. Слободните се на прагот на нова врска.

Работа: Одлично тактизирате, па лесно умеете вниманието да го свртите на себе. Можете да постигнете одлични резултати, под услов да осмислите добра стратегија.

Здравје: Можни се проблеми со забите.

Риби (20. 2 – 20. 3)

Љубов: Пожртвувани сте и склони на откажувања за хармонија во врската. Врската ќе ви процвета, но мора да бидете трпеливи. На слободните ќе им се додворува некој што е зафатен.

Работа: Овој месец работата нема да ви биде во прв план. Тоа нема да ви донесе штета, бидејќи на работното место нештата се мирни.

Здравје: Зголемете го внесувањето витамини за засилување на имунитетот.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време