Науката потврдува: Навистина може да се полуди од… љубов!

Науката потврдува: Навистина може да се полуди од… љубов!

SHARE

Дали некогаш ви се случило да бидете со некого кратко време и сосема да „одлепите“ по него? Тоа возбудување во главата кога ќе се заљубиме е толку силно и прекрасно (иако со краток век). Но понекогаш, што мошне ги нервира сите околу нас, можеме да изгубиме контрола до точка на целосна полуденост. Можеби не можете ни да јадете ни да спиете, чувствувате тешка депресија кога еден ден нема да го видите или имате изненадувачки нагон да скокнете на каучот и на светот да му ја објавите својата љубов… 

 Foto: Thinkstock

Во суштина, нашите хормони, мозок, стомак и срце доживуваат силен земјотрес. Ова чувство некои психолози го нарекуваат страсна љубов.

„Зафатени со силен психолошки потрес, постојано мислите на својот сакан, размислувате дека сте среќни, идеализирајќи го до крајни граници. Го гледате во розово светло, што не е најдобра основа за градење врска на долги патеки“, велат стручњаците.

Среќа што оваа фаза не е долготрајна, но што ја предизвикува?

„Кога сте заљубени, вашиот мозок излачува супстанции што го креваат расположението и можат да го преплават делот од мозокот задолжен за рационално размислување“, објаснуваат ендокринолозите. Уживајте во еуфоријата додека трае, но знајте дека заљубувањето има и своја темна страна.

Ве водиме низ добрите, лошите, но и грозните аспекти на романсата… и ви нудиме неколку решенија со чија помош ќе го зачувате разумот:

Опиеност од љубов

Новото момче ви се јавува за да ви каже дека не може да дочека да ве види и сè на светот ви изгледа поведро – вашиот иритантен шеф станува симпатичен, вашиот клаустрофобичен стан одеднаш ви изгледа шармантно и уредено. Дури и птица да ви се олесни на вашето ново сако, вие би скокале од среќа бидејќи го имате него во својот живот.

„Кога ќе се заљубите, ви се активира дел од мозокот полн со стимулативен допамин, што доведува до чувство на восхитеност“, велат ендокринолозите. Силната радост што ја чувствувате се шири и на другите аспекти во вашиот живот, така што дури и не ги регистрирате работите што инаку ве нервираат. Мозочниот стимуланс, допамин, исто така доведува до вртоглав скок во излачување на тестостерон, хормон што го буди либидото, што објаснува зошто не ги симнувате рацете од него. Веројатно понекогаш ви е зголемено и излачувањето на норепинефрин, уште една сусптанција што ја произведува нашиот мозок и која исто така предизвикува зголемена сексуална желба, но и подобра меморија. Затоа одеднаш можете да се сетите на најситниот детаљ во врска со вашиот партнер – секој збор од пораката што ви ја испрати или кошулата што ја носеше на вечера пред две недели.

Потоа доаѓа изгубеноста

Додека пловите во својот љубовен меур од среќа, можете да почнете да губите контакт со работите околу себе. Тоа може да биде нешто ситно, да речеме да го заборавите роденденот на другарката или нешто посериозно. На пример, да го убедувате својот драг дека не е проблем заедно да појадувате, а поради тоа да пропуштите важен состанок.

Можете да се обложите дека за тие работи виновен е норепинефрин – поради кој вашите мисли се сосредоточени на детали, но само на оние во врска со вашето момче. Тоа обично доведува до губење способност да се фокусирате на што било друго. Со други зборови, бидејќи мислите и енергијата ги насочувате кон него, пријателите, семејството и колегите го добиваат само „остатокот“. Се намалува и активноста на оној дел од мозокот што е задолжен за чувствување страв. Вашиот внатрешен аларм не се гаси целосно, но поголеми се можностите да ги заборавите причините поради кои од некои работи треба да се плашите. Сè во животот избледува во споредба со времето што го поминувате со него.

Продолжува на следната страница…

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор