Есента е совршено време за… љубов!

Есента е совршено време за… љубов!

SHARE

Во овој период нивото на машките и женските полови хормони е во пораст. Последиците заклучете ги самите… 

Истражувањата покажаа дека есента не е само годишно време исполнето со облаци, дожд и со сивило, кога сите се депресивни и мрзоволни. 

Докажано е дека во есен нивото на половите хормони е во пораст, а последица на тоа може да биде почеста потреба од сексуален однос или потреба за промена на партнерот. Жените во тоа време се чувствуваат посексапилно и попривлечно, а мажите секако треба да го искористат овој период.

Затоа, убавите денови поминете ги со својот сакан на отворено впивајќи ги последните зраци на сонцето во царството од волшебните есенски тонови. Освен тоа, денот трае пократко, па ќе имате значително подолга ноќ и повеќе од доволно време за уживање во својата оаза на мирот во вашиот дом.

Бакнувајте се, уживајте и искористете го овој волшебен дел од годината, створен за романтични излегувања, бакнување на клупите и греење на телата во студените ноќи!

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор