Го демистифицираме вечниот мит: Дали постои машко-женско пријателство?

Го демистифицираме вечниот мит: Дали постои машко-женско пријателство?

SHARE

Еднаш засекогаш, ќе го демистифицираме вечниот мит за тоа дека девојките и момчињата не можат да бидат само пријатели… 

Фраер запознава девојка. Момчето и девојката стануваат пријатели, а подоцна сфаќаат дека се заљубени и се завршува со секс. Дали има вистина во ова клише дека момчињата и девојките не можат да бидат само пријатели? 

Зошто станувате пријател со некого? Обично тоа е затоа што некој ви е драг и сакате да бидете во негово друштво, но понекогаш тоа може да предизвика збунетост ако лицето со кое сте се спријателиле има пенис. Зошто? Истражувањето објавено во „Journal of Social and Personal Relationships“ покажа дека машко-женските односи, гледано наназад, се од понов датум. Ако малку погледнеме во блиското минато, да се биде пријател со некој од спротивниот пол значеше привлечност и вклучуваше нагон за размножување. Човековиот вид е многу чудно програмиран затоа што сакаме да имаме полов однос со фраерите со кои сме емотивно блиски. Лудо, зарем не?

Но дами, заборавете ја лекцијата за еволуцијата, сепак денес сме 2017 година. Ако ви се допаѓа неговото друштво, тоа не значи дека мора да бидете интимни. Дефинитивно можете да го оддржувате односот на платонско ниво. Кога мажите и жените се успешни како пријатели, нивниот однос е како меѓу брат и сестра. Меѓутоа, ако не сакате пред него да се појавите без шминка, добро размислете дали имате некакви чувства за него.

Момчињата и девојките можат да бидат само пријатели, но морате да бидете сосема искрени кон себе во однос на тоа пријателство. Вистинското платонско пријателство со момче е прекрасна работа, но ако вие и двајцата сте хетеросексуални, важно е да знаете каде води тоа. Запрашајте се што ви значи тоа пријателство и дали живеете во надеж дека еден ден нешто ќе се случи помеѓу вас.

Дали сакате да знаете дали вашиот пријател сака нешто повеќе од вас? 

Кога е во прашање машко-женско пријателство, претпоставуваме дека момчињата се оние што секогаш сакаат да имаат полови односи со пријателката, зарем не? Меѓутоа време е да се ослободите од тој стереотип. Истражувачите од Универзитетот во Висконсин ги интервјуирале мажите и жените што биле блиски пријатели. Откриле дека само малку е поголем бројот на мажите отколку на жените што исто така чувствуваат сексуална привлечност кон својот најдобра пријател/пријателка.

Затоа мораме да се ослободиме од претпоставките дека машко-женските пријателства секогаш доведуваат до секс, бидејќи тоа не е секојпат така.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор