Не е сеедно: Изберете вежби според вашиот карактер

Не е сеедно: Изберете вежби според вашиот карактер

SHARE

Проверете дали се занимавате со спортот што ѝ одговара на вашата личност. Ако вежбите не одговараат со вашиот карактер, можат многу лошо да влијаат на вашата самодоверба, тврди професорот Кен Фокс од Универзитетот во Бристол. 

Агресивен тип

На вас кариерата ви е најважна во животот. Не сакате групни спортови бидејќи во нив не можете да доминирате. Авантурист сте по природа, па сакате необични активности. Планинарењето е идеално за вас бидејќи ќе ви ги подобри физичката сила и издржливоста, а ќе се натпреварувате само со природата. Тоа за вас е најголемиот предизвик. Би ви годело и трчање.

Интровертен тип

Најдобро се чувствувате кога сте опкружени со луѓето што ги познавате. Затоа на вас најмногу ви одговараат тимските спортови. Меѓутоа, за да ја победите својата срамежливост, почнете да тренирате гимнастика. Ќе ви помогне да бидете посамоуверени, да го обликувате телото и да добиете чувство на духовна сила.

Тип нарцис

Вие сте перфекционист во вишок самодоверба. Внимавате на своето тело и важно ви е да бидете најдобри во сè. Изберете спорт што не подразбира само обликување на телото, па најдобро ќе ви одговара шетање и возење велосипед. Овие спортови ќе ви ја подобрат физичката кондиција и координацијата на движењата.

Немотивиран тип

Не сте мрзливи, но сепак секогаш ви недостига енергија. За да се раздвижите, определете се за групни спортови во кои ќе се дружите со пријателите. Кога ќе ве мрзи да излезете од дома, тие ќе ве мотивираат да одите на тренинг.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор