Зима, зима е па што!: 4 совети за убавина

Зима, зима е па што!: 4 совети за убавина

SHARE

Полека но сигурно ни наближува зимата, а познато ни е дека тоа е годишна доба која бара специфична нега како би го задржале младешкиот изглед подолго време. Еве како би требало да изгледа негата во зимските месеци:

1 Тестирајте го млекото за тело Проверете ја густината на млекото или на лосионот за тело со натопување на прстот – би требало да се здржат на него, во спротивно не се доволно хидратантни и хранливи. За оптимално хидрирање на кожата најдобро е да се употребуваат препарати со ши-путер или со природни екстракти од билки, особено ефикасни во текот на зимскиот период.

2 Не одвојувајте се од руменилото Притаената дневна светлина во зимскиот период не само што предизвикува нерасположение туку и го нарушува изгледот на кожата – таа станува побледа и посува, па изгледа постаро. За да се изборите со овој ефект, не одвојувајте се од руменилото, но во вистинската нијанса за вас. Притоа применете еден трик: штипнете се за образот и пронајдете производ чија нијанса се совпаѓа со вашето природно руменило. Руменилото нанесете го на средина на јаболчниците, а потоа со прстите размачкајте го. Руменилата во крем или во гел создаваат најприроден ефект.

3 Не излегувајте од дома без УВ-заштита Можеби небото е облачно, но сончевите зраци придонесуваат за забрзано стареење на кожата и во оваа доба од годината. Голем број козметички производи сега содржат УВА и УВБ-заштитни филери, а особено ги има во дневниот хидратантни кремови, како и во мејкап-производите. Кога купувате производ за нега задолжително проверете дали ги содржат овие два заштитни фактори.

4 Спречете го оштетувањето на косата Капите и шапките се задолжителна заштита од студ и убав моден детаљ, но истовремено ја слепуваат косата, па затоа ако имате долга коса, направете патец на спротивната страна, а кога ќе ја симнете капата, косата префрлете ја на вистинската страна. Ако имате кратка коса, во коренот втријте крем против нејзино виткање.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор