Преубавата Наталиа Водјанова ги открива своите трикови за нега на уморна кожа

Преубавата Наталиа Водјанова ги открива своите трикови за нега на уморна кожа

SHARE

Рускиот супермодел Наталиа Водјдјанова се смета за една од најубавите и најприродни манекенки во светот на модната индустрија. Првпат застана на модната писта пред неколку години, а со своите 35 години одлично се снајде и во улога на мајка.

Како и секоја позната личност, и Наталиа има неколку совети и трикови кои и’ помагаат да си го поправи својот изглед во само неколку минути, бидејќи брзиот живот и постојаните патувања не и’ оставаат многу време за тоа.

Првиот чекор е освежување на кожата и длабинско чистење. На лицето нанесува маска за обновување на кожата, која ја остава 10 минути. По маската, на ред се фластерите за подочници, па уште една маска која дополнително го освежува лицето, како и масло што дава дополнителна влажност и нега. На крај, става хидрантантен крем на лицето.

Втор чекор е шминката. Прво нанесува лесна течна пудра во соодветна нијанса на тенот на нејзината кожа. Веѓите обожава да ги истакне и никогаш не ги кубе. На нив, Наталиа нанесува гел за веѓи. Својот изглед го завршува со маскара во кафена боја со фокус на долните трепки и со кармин во светла нијанса. На образите нанесува розово руменило, малку бронзер за истакнување на јаболчниците и камена пудра на Т-зоната – за да го „згасне“ несаканиот сјај.

За косата не и’ е потребно многу време – неколку капки арганово масло – тоа и’ е сосема доволно да ја „скроти“ косата и да и’ даде природен сјај. Парфем става на крајот и секогаш е подготвена за забава.

Текст: А. Велјановска

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор