Експертски совети што ќе ви помогнат да го подобрите изгледот на кожата

Експертски совети што ќе ви помогнат да го подобрите изгледот на кожата

SHARE

Дознајте на кој начин различни фактори, од личното расположение до секојдневните оброци, можат да го подобрат  изгледот на вашата кожа.

Нашата кожа веќе не е само во доменот на дерматологијата. Веќе некое време, експертите од другите медицински области: гастроентеролози, гинеколози и психодерматолози, даваат подобар увид во ефектите на телесните процеси врз најголемиот орган во човековото тело – кожата. Овој иновативен пристап во решавањето на проблемите со кожата, од акни и црвенило до воспаленија и процеси на стареење, би можел да биде токму она кон кое тежнеевме сиве овие години.

Оптимизери на колагенот

Влијанието на расположението врз квалитетот на кожата може да биде мошне силно, поради што психодерматолозите ги третираат своите клиенти со психијатриски методи – за да ги откријат и да ги решат проблемите со епидермисот. Стручњаците на оваа релативно нова гранка на медицината не ги испрашуваат пациентите само за кожата, туку и за тоа каков живот водат – какви им се навиките на спиење, дали се задоволни со емотивниот живот, како се хранат, колку се физички активни…

Негативната емоционална состојба може да предизвика различни видливи проблеми со кожата, како  акни, губење на сјајот на кожата и појавата на брчки. Тие проблеми настануваат поради дејството на хормонот кортизол. За време на периодот на депресија, анксиозност или лошото расположение, неговото ниво се зголемува. Овој раст го стимулира разградувањето на колагенот, што резултира со појава на брчки, како и со хиперфункција на лојните жлезди, што создава услови за појава на акни. Доколку страдате од егзем, псоријаза или сува кожа, недостигот на колаген ја влошува состојбата.

Кортизолот исто така ја ослабува и заштитната бариера на кожата, па таа ја губи влагата, се забавува процесот на обновување на клетките, па кожата станува мат. За време на овој период, многу е важно да се спие доволно 97-8 часа), затоа што тогаш нивото на кортизолот е најниско, додека, пак, нивото на хормонот на растот и на антивоспалителните молекули е највисоко. Тоа значи дека кожата се обновува додека спиеме. Најдобро е еден час пред легнување да читате книга наместо да гледате телевизија, ако и да најдете начин за ослободување од стресот во текот на денот.

Почнете да се дружите со луѓе што емитуваат позитивни вибрации. Голем број студии укажуваат дека нивото на кортизолот опаѓа кога луѓето се среќаваат лице в лице. Физичката активност, техниките на дишење, дури и прошетките, исто така го намалуваат нивото на хормонот на стрес. Освен тоа, употребувајте препарати за нега без мирис, со висок процент на антиоксиданси – кожата за време на стрес и лошо расположение е исклучително осетлива.

Продолжува на следната страница...

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор